Седници на три собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и за труд и социјална политика.
ПредЧ членовите на Комисијата за европски прашањан ее презентацијата на Програмата и приоритетите за работа на Италијанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули - декември 2014 година. Програмата пред члeновите на Комисијата ќе ја претстави амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино-Белели.
На дневниот ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во прво читање.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе го разгледа извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа