Апел до дебарчани: Рационално користете ја водата
Во Дебар и ова лето присутна е појава на голема злоупотреба на водата за пиење, што е и главната причина за повеќечасовниот недостиг што се чувствува во градот.
- Во главниот резервоар пристигнуваат по 160 литри вода во секунда, што би значело доволна количина на вода за град со 70 илјади жители. Во Дебар нема повеќе од десет илјади жители, а недостигот се чувствива. Причината лежи во дел од граѓаните, кои се несовесни и водата за пиење ја злоупотребуваат на разни начини, преку наводнување на градини, миење дворови, тротоари па дури и улиците кои се пред нивните домови, вели Мазлум Леши, директор на ЈКП „Стандард“.
За да се собере вода во резероарот градот целосно се исклучува од мрежата по девет часа во текот на денот, од 13 до 18 и од 2 по полноќ до шест наутро.
Според Леши водата која ја користат дебарчани е од изворите во Росоки е најквалитетна во Европа, поради што не може да ги разбере своите сограѓани како може несовесно да се однесуваат.
Тој апелира до граѓаните рационално да ја користат водата, зашто во спротивно во најжешките летни денови исклучувањата ќе бидат подолги во текот на денот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа