Цветков бара “чаре“ за проблемот со водата во Куманово

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во министерството за земјоделство се сретна со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и пратеникот од Куманово Зоран Ѓорѓиевски.

Соговорниците разговарале за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово и се договориле во текот на денешниот ден да се најде техничко решение и да се направат заеднички напори да се пуштат дополнителни количини вода, со што би се решил моменталниот проблем со водоснабдување со вода за пиење на општина Куманово.

Соговорниците се договориле во рок од пет дена двете страни да потпишат заемно прифатлив договор за долгорочно снабдување со вода кој е законски услов за испорака на вода, 

=Водостопанство Кумановско Липковско Поле превзема обврска во рамките на своите можности веднаш да почне со дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово превзема обврска за редовно плаќање на фактурите согласно заеднички договорена цена и сервисирање на старите долгови спрема водостопанство Кумановско Липковско Поле, соопштуваат од Министерството.

 

 

04.07.2014 - 13:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа