„Шпион“: Ване Цветанов ослободен за шпионажа
Поранешниот директор на Управата за перење на пари, Ване Цветанов е ослободен од обвинението за шпионажа, а ќе одговара за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна, одлучи Обвинителството, пренесува Нетпрес.
Обвинителството, јавува порталот, ги презентирало наодите од претходните рочишта и побарало од Судот, да ги прогласи сите обвинети за виновни и да им изрече затворска казна според законите.
Според Еленко Миланов, адвокатот на главниот осомничен, Марјан Ефремов најголема забелешка до обвинителката е тоа што обвинетите не добиле шанса да ја слушнат анализата од доказите.
-Моја најголема забелешка е тоа што обвинетите немаа можност да ја слушнат анализата од докази, која како што кажа обвинителката е на 157 страни. Во неа се утврдени фактите, и обвинетите преку неа ќе можат да се запознаат за докаите кои се однесуваат на нив. Доколку оваа анализа на „усб“ или на маил им биде пратена да ја разгледаат, тогаш тоа би било коректно, вели Ефремов, пренесува Нетпрес.
Главниот осомничен Ефремов е обвинет дека бил “мозок“ на мрежата која шпионирала за странси разузнавачки служби и која со уценување и мамење успевала да изнудува информации. Ефремов работел во Агенцијата за разузнавање, но, откако бил отпуштен во 2009 година, тој формирал злосторничка група составена од поранешни или сегашни вработени во Агенцијата за разузнавање, воената полиција, УБК, Јавна безбедност, Државниот архив и сопственици на медиуми.
Во случајот беа обвинети уште 18 лица. Единствени кои не седнаа на бвинителната клупа се сопственикот на интернет порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски, кој е во екстрадиционен притвор во Србија, како и Борис Перков од Велес, кој беше во екстрадиционен притвор во Чешка. Обвинителството за нив ја прекина истрагата, но не се откажа од прогонот.
Србија се уште молчи околу екстрадицијата на Божиновски, додека Перков пред неколку месеци беше екстрадиран од Чешка, но засега се товари само за злосторничко здружување.
Завршните зборови на одбраната во „Шпион“ ќе се одржат на 8. 14. И 15. Јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа