Агробизнис форум: Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката

 

Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката за поголема размена со земјоделските производи, да ги детектираат евентуалните пречки во рамки на трговските ЦЕФТА договори и да побараат помош од државните институции за нивно заедничко надминување е пораката од денешниот агробизнис форум што го организираа УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

- Соработката за поголема трговска размена станува прaкса и нужност зашто државите од регионот веќе бележат дефицит со ЕУ од околу 1,5 милијарда евра. Преку интезивни контакти ќе може барем да се надмине овој негативен биланс, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- Две држави, Романија и Бугарија, се веќе членки на ЕУ и го напуштија ЦЕФТА договорот. Сега тоа ќе се случи и со Хрватска. Нашиот број се намалува поради што треба поинтезивно да соработуваме во трговската размена со земјоделските производи, напомена Димовски.

И директорот на регионалниот проект за Западен Балкaн и Кавказ на УСАИД Филип Стојановиќ потенцира дека е неопоходна поголема соработка меѓу компаниите од регинот. Повеќе, рече, знаеме за други држави, како Германија, отколку за соседите.

- Сите треба тоа да го сториме, да реагираме на две нивоа, и кај државните институции и кај бизнис секторот, посочи Стојановиќ.

Милица Живковска од Агенцијата за странски инвестиции која го презентираше веб порталот за регистрирани македонски компании информира дека засега најголем интерес за сопствена промоција имаат фимрите за преработка на свежо овошје и зеленчук.

најчитано сега