Падна уште еден познат скопски дилер

 

Кривична пријава и 30 дневен притвор си заработи 37 годишниот скопјанец А.Г. поради недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Според информациите од полицијата, тој лани и годинава, од засега непознато лице набавил поголема количина марихуана. Дрогата ја сместил во викендичката на неговиот татко, ја препакувал во својот дом и ја продавал. На 24. јуни, полицијата го претресла неговиот дом и викендичката и пронашла 755,9 грама марихуана и дигитална вага.

Од 1992 до 2007 против А.Г. биле поднесени 10 кривични пријави за: „противправно лишување“, „загрозување на сигурноста“, „загрозување  на безбедноста на сообраќајот“, „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „кражба“ и „тешка кражба“. За дел од нив изречени му се мерки „задолжително психијатриско лекување“, казни затвор и парична казна. 

29.06.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа