30 дена притвор за уапсените во „Ликвидација“
Лицата од Велес и Скопје кои вчера рано утрината беа приведени во акцијата „Ликвидација“, од синоќа се во 30-дневен притвор. Само еден од приведените, поради неговата возраст е пуштен во домашен притвор.
Обвинители, судии, адвокати и новинар се осомничени за поткуп и откривање доверливи информации за случајот „Ореше“, во кој за платено убиство беа обвинети браќата Ѓорѓиевски.
Инаку, истражниот судија доби дозвола да му одреди мерка притвор на уапсениот велешки судија, откако судскиот совет на седница му го одземал имунитетот.