Министерот Џафери денеска во Тирана

 

Министерот за одбрана Талат Џафери ќе учествува на регионалната конференција „Јадранско-јонски безбедносни предизвици“ која се одржува во Тирана,  Албанија.

Конференцијата, на која учествуваат министри и заменици министри за одбрана од земјите од регионот, има за цел на едно место да овозможи размена на искуства и најдобри практики од земјите од регионот, во контекст на регионалната безбедност, како и да даде можност за утврдување на патиштата за засилена соработка и заеднички пристап кон развојот на регионот.

Учесниците на конференцијата своите гледишта, мислења и идеи ќе можат да ги претстават во две сесии посветени на „Перспективите на Западнобалканските земји во однос на јадранско-јонските безбедносни предизвици“ и на „Најдобрите практики и искуства на останатите региони и организации“. 

најчитано сега