Србија: Косово не е повикано во Охрид бидејќи не е суверена и призната држава

 
Косово нема да учествува на регионалниот Самит во Охрид бидејќи не е суверена држава, потврдуваат од Кабинетот на претседателот на Србија Томислав Николиќ во изјава за „Данас" и од српското МНР за агенцијата „Танјуг".

-Србија останува на барањето претставниците на Косово да не можат да учествуваат на овој регионален собир, изјавиле за „Данас“ од Кабинетот на Николиќ

-Косово не е повикано на охридскиот самит бидејќи Србија и уште две држави членки на ПСЈЕ ставија забелешка заснована на статутот на Самитот, кој предвидува дека можат да учествуваат само суверени и признати земји, а Косово тоа не е, велат од српското МНР за „Танјуг" .
 
 
Овие информации ги разјаснуваат шпекулациите зошто Косово нема да учествува на регионалниот Самит кој ќе се одржи во Охрид.

најчитано сега