Честитка од ДУИ за Рамазан
Демократската унија за интеграција и лидерот на партијата Али Ахмети упатија честитка почетокот на светиот месец Рамазан до сите верници од муслиманска вероисповед.
- Рамазан е добредојден за сите нас бидејќи нашата посветеност за овој месец ни овозможува да бидеме поблиску до Бога и семејството, истовремено ни носи мир и подобри меѓучовечки односи, се вели во честитката.
Во честитката се изразува надеж дека овој свет месец во секое семејство ќе донесе мир, спокојство и хармонија.
- Овој благословен празник не потсетува на човечките вредности над кои силно рефлектираме во текот на постот, се вели во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа