Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски


Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковечавски, изјави на денешната прес-конференција Даниела Ник
олова, пратеничка на СДСМ.
Во недостаток на план и програма, Силјановска е целосно во матрицата на ДПМНЕ и упатува навреди кон Пендаровски и Ковачевски, рече Николова.

„Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуални капацитети искажани од Силјановска не доликуваат ниту на професор ниту на политичар. Каков е тој професор кој ги навредува студентите? Каков е тој политичар кој наместо да претстави и идеи навредува неистомисленици а со тоа ги навредува и граѓаните. Митинзите се за претставување на визијата, понудата пред граѓаните а не за навреди и лични дискредитации. Паника од пораз на изборите, немањето план, визија, не се оправдување. Затоа Силјановска треба да се извини“, нагласи Николова.

Николова истакна дека тоа е уште една потврда дека ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците.

„Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ“, вели Николова.

15.04.2024 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега