Николоски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, РЕК молчи по однос на барањата на народот, ги повикуваме сите да ни се приклучат

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Канал 5 зборуваше за протестите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира поради криминални политики од страна на старо-новата влада на СДСМ и ДУИ.

-Право на секого е да протестира, ние ги покануваме сите граѓани  да ни се приклучат на протестите  и сум среќен што голема бројка на луѓе ни се приклучуваат.  Ние не можеме да забраниме  да ни се приклучи на протестите. Точно е дека имаше два автомобили  кои ги видовме во социјалните медиуми, точно е дека имаше 100 други автомобили  кои што се под просекот во  Македонија што говори за жал каква е економската ситуација во Македонија. Но, она што е уште така пострашно е дека ни вчера, ниту во средата ние не добивме од РЕК  по однос на цената на струјата, не бевме удостоени ниту со една  средба со претседателот на таа  комисија кои што треба да дава отчет и пред Собранието за што мислам дека  виде и македонската јавност каква е целта на власта, на владата, Регулаторната комисија во однос  на цената на струјата, истакна Николоски во своето вклучување.

Тој посочи дека доаѓаат и други големи проблеми во Република Македонија како што е проблемот со лозарите, со откупот на грозјето и проблемот со текстилните работници. 

-За жал голем број текстилни работници  им се заканува да останат без работа затоа што голем број компании немаат веќе договори за работа и за извоз. Ова се прашања за кои што очекуваме старо новата влада  на СДСМ и ДУИ да даде одговор и да ги решава, а не да прават спинови за протестите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој.

Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува со протестите и граѓаните ќе бидат известени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега