Николоски: Артан Груби е симбол на лошите политики на Заев и Ковачевски

 

За Артан Груби се врзуваат многу лоши работи во претходните влади. Тој е симбол на лошите политики за Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Тоа што е Обивнителството најави дека отвориле предмет, тоа многу зборува и јас го поддржувам тоа, истакна вицепремиерот Александар Николоски во “Само Интервју” на ТВ Канал 5.

-Тој беше најнегативниот лик во двете влади, како што најнегативниот лик на владата претходно беше Сашо Мијалков. Ставaњето во заеднички контекст на овие двајца е многу голема порака за општеството кај се движи и како треба да се прочистува. И ова е нешто што мислам дека јавноста е добро да го анализира. Добро е што Обвинителството најави дека отвори случај за ова и јас ги подржувам и ги замолувам да го затвори овој случај. И мора да се стави крај. Сведоци сме сите дека во радиус од еден километар овие две лица ги врзува два објекта Соравија и Мериот, рече вицепремиерот Николоски.

12.12.2024 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега