Нигериските паравоени сили упаднаа на роденденска забава и уапсија 76 хомосексуалци
Нигериските паравоени сили упаднаа на роденденска забава и уапсија 76 геј мажи
„Уапсевме 76 лица за присуство на роденденска забава за хомосексуалци што се одржа на северот на Нигерија“, објавија вчера нигериските паравоени сили, додавајќи дека организаторот планирал да одржи и истополова свадба.
Хомосексуалноста во Нигерија се смета за општествено неприфатлива, како и во повеќето делови на Африка, а во 2014 година во таа земја стапи на сила законот против хомосексуалците и покрај осудата на меѓународната заедница, пишува Си-Ен-Ен.
Бухари Саад, портпарол на нигерискиот корпус за безбедност и цивилна одбрана (NSCDC), рече дека агенцијата извршила рација на забава на која присуствувале „хомосексуалци и макроа“ во саботата вечерта по дојава.
Тој рече дека 59 мажи, од кои 21 признале дека се хомосексуалци, и 17 жени биле уапсени. НСЦДЦ тврди дека организаторот на роденденската забава исто така планирал да се омажи за друг маж, кој моментално е во бегство.
Законот против хомосексуалците во најнаселената африканска нација предвидува казна до 14 години затвор, иако уапсените можат да бидат ослободени со кауција и забранува геј бракови, истополови врски и членство во групи за правата на хомосексуалците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа