Незапамтено невреме во Дубаи: Катастрофални поплави и човечки жртви

Метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук профил објави фотографија од незапамтеното невреме во Дубаи.

Од фотографијата може да се забележи дека Дубаи е зафатено од катастрофално невреме кое предизвикало апокалиптични сцени.

„Дубаи погодено од незапамтено невреме кое предизвика катастрофални поплави и човечки жртви, за еден ден наврна количество на воден талог кое е вообичаено за период од година и половина!“, напиша Попоски.

Инаку обилните врнежи доведоа до целосно поплавување на автопатите и аеродромот во Дубаи.

Поради ваквата состојба и ненадејната промена на времето откажани се многу летови.

На автопатите и улиците има цистерни со пумпи кои ја испумпуваат водата, со цел да се подобри состојбата во градот.

Како што пишуваат луѓето на социјалните мрежи, сите училишта во Дубаи се затворени, а целиот град е во застој, пишуваат медиумите во регионот.

17.04.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега