Невреме во Хрватска: Гром погоди жена
Во невремето што денеска ја зафати Хрватска, жена беше погодена од гром кај Карловац, јавуваат хрватските медиуми.
Дирекцијата за цивилна заштита објави соопштение за последиците од невремето што денеска зафати делови од Хрватска.
Окружниот центар 112 Сисак добил дојава дека во градот Палањек поради невреме ветрот оштетил околу 20 покриви на семејни куќи. Оштетени се и столбовите на електричната мрежа, но немало прекин во снабдувањето со електрична енергија. Исто така, оштетени се неколку покриви на семејни куќи во населбата Храстелница. Биле известени сите служби за итна помош и вработените во ХЕП.
Шефот на Штабот за цивилна заштита на градот Сисак и раководителот на Службата за цивилна заштита во Сисак се на терен и ги координираат активностите за отстранување на последиците. Нема извештаи за повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа