Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто
Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14 отсто. Стапката на активност во овој период е 54.9, а стапката на вработеност 47.2, соопшти Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 802 280 лица, од кои вработени се 690 053, а 112 227 лица се невработени.
10.03.2023 - 18:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа