Нетанјаху се огласи по одлуката на Меѓународниот суд: „Срамотни обвинувања, ќе продолжиме да ги браниме граѓаните“

 

Израел ќе продолжи да се брани себеси и своите граѓани, почитувајќи го меѓународното право, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Врховниот суд на Обединетите нации не нареди прекин на огнот во Газа во случајот на геноцид, туку побара од Израел да се обиде да ги намали смртните случаи и штетите во својата воена офанзива во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху ги нарече обвинувањата за геноцид „безобразни“ и срам што „нема да биде избришан со генерации“. Тој посочи дека и покрај почитувањето на меѓународното право, Израел има право на самоодбрана.

„Светскиот суд во Хаг со право го отфрли срамното барање да ни го одземе ова право“, рече Нетанјаху во врска со одлуката на Меѓународниот суд на правдата да не нареди прекин на огнот, и покрај воведените мерки.

Меѓународнио суд не му нареди на Израел да ја прекине својата офанзива во Газа, туку побара од него да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид.

Денешната одлука на судот е само привремена мерка, бидејќи може да поминат години пред да се разгледа целосниот случај што Јужна Африка го покрена против Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

26.01.2024 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега