Нетанјаху е против палестинска држава во секое повоено сценарио
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ги информирал САД дека се противи на формирање палестинска држава како дел од секое повоено сценарио, пишува Гардијан.
„Израел ќе се согласи само на договор со кој земјата би добила безбедносна контрола врз целиот Појас Газа“, изјави израелскиот премиер на денешната прес-конференција.
„Во секој иден договор, на Израел му е потребна безбедносна контрола на целата територија западно од Јордан. Тоа е во спротивност со идејата за палестинскиот суверенитет. Што да правиме?“, рече тој, додавајќи дека истото им го повторил и на Американците.
„Премиерот мора да биде способен да им каже не на нашите пријатели“, изјави тој.
Нетанјаху најави дека ќе ја продолжи израелската офанзива додека Израел не постигне „решавачка победа над Хамас“.
За победата ќе бидат потребни „уште многу месеци, но ние сме решени да ја постигнеме“, додаде израелскиот лидер.
„Ќе продолжиме да се бориме со полна сила додека не ги постигнеме сите наши цели, враќање на сите заложници и повторувам, само воен притисок ќе доведе до нивно ослободување и елиминација на Хамас и гаранција дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа