Нема зима: Високи температури на крајот од годината
Денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 9 степени.
Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.
18.12.2022 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа