Нема мали луѓе и големи држави, Северна Македонија мисли глобално, рече Спасовски за „Политика“
Нема мали луѓе и големи држави, Северна Македонија размислува глобално, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за белградска „Политика“, на тема Самитот на ОБСЕ чиј претседавач е Македонија.
Со оглед на тоа што во сила се исклучителните мерки од трет степен на безбедност поради собирот на кој се најавени околу 70 делегации со околу 1.000 учесници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан за важноста, односно историското значење на 30.Министерски совет на ОБСЕ, како платформа за дијалог меѓу земјите учеснички, а во контекст на глобалните геополитички збиднувања.
„Северна Македонија мисли глобално, уверена дека само дијалогот носи резултати; кога ќе седнеме на иста маса, тоа значи дека сме подготвени да разговараме за сите прашања, дури и ако конверзацијата не донесе брзи резултати. Сите треба да ги имаме глобалните предизвици во својот фокус: нема тука мали и големи луѓе, народи или држави“, рече Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа