Нема да се зголемуваат цените на патарините

 

Владата преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), нема да ја зголеми цената за наплата на патната такса, информираат од ресорното Министерство и додаваат дека остануваме единствена земја во регионот која нема да ги зголеми цените на патарините.

Како што нагласуваат, средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри, во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри, во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри и во преку 450 километри локални патишта.

– Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55 проценти и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти. Но, и во такви услови со зголемени цени на градежните материјали, Владата преку Министерството за транспорт врски ЈПДП останува на ставот дека цената на патарините нема да се зголеми, соопшти Министерството за транспорт и врски. 

20.12.2022 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега