Неделен РЕсет вежбање на отворено со Елена Бубало во организација на Реплек

Сите љубители на физичката активност, здрав начин на живот и одржување на виталност имаа исклучителна можност во паркот на Франкофонијата во Скопје да вежбаат фитнес под водство на познатата инструкторка Елена Бубало. Во неделата над 70 лица се приклучија и ја искористија оваа прекрасна можност за утрински РЕсет со групно вежбање на отворено.

Настанот е дел од програмата РЕсет која е во организација на Реплек, а целта е поттикнување на здрави навики за добросостојба. Во таа насока, Реплек обезбеди соодветна опрема и пијалаци за сите кои вежбаа.

РЕсет настаните со Елена Бубало ќе продолжат и во следниот период преку организација на уште два настани од овој вид, за кои веќе постои голем интерес, а ќе следуваат и друг тип на активности.

01.07.2024 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега