„Не би се качил на таа подморница, дури и да ми платат“: Протече порака од поранешен вработен во „Оушн гејт“

 

Поранешниот вработен во „Оушн гејт“ Дејвид Локриџ пред неколку години испратил е-маил на друг вработен во компанијата во која изразил загриженост за можни дефекти на подморницата Титан.

„Не сакам да ме гледаат како зборувам глупости, но толку сум загрижен дека тој ќе се убие себеси и другите во неговата потрага да го зајакне своето его“, напиша Локриџ за извршниот директор на „Оушн гејт“, Стоктон Раш.

Компанијата организираше туристички патувања до остатоците од Титаник стари 111 години по цена од 250.000 долари. Лохриџ работел како независен изведувач за „Оушн гејт“ во 2015 година, а потоа и како вработен помеѓу 2016 и 2018 година, објави CNN. Наскоро тој се вплетка во судски спор со „Оушн гејт“ тврдејќи дека бил неправедно отпуштен затоа што покренал загриженост за безбедноста и тестирањето на Титан.

„Би се сметал за прилично храбар кога станува збор за правење опасни работи, но таа подморница е несреќа што чека да се случи. Не можеа ни да ми платат да нурнам со таа подморница“, напиша Локриџ во е-маилот до Роб МекКалум, соработник на проектот.

МекКалум, кој ги водеше експедициите на Титаник, го предупреди Раш во 2018 година за безбедноста на подморницата Титан, велејќи му на извршниот директор дека се става себеси и неговите клиенти на ризик.

04.07.2023 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега