„Навечер умираме, сабајле воскреснуваме“, вели баба Драгана

 

„Навечер умираме, сабајле воскреснуваме“

Баба Драгана Василевска е пензионерка која од Велес денеска пристигна во главниот град за да побара повисока пензија. Вели, со примањата кои ги има може да си дозволи само жетварска салата и леб, но пари за краставици нема. Вели, тивко умира поради беспарицата.

Пред Илинденска ББ застана на страна од гужвите за тивко да покаже што може да си дозволи со пензијата од 13.000 денари. Вели – „навечер умираме, сабајле воскреснува“.

-Ова што го јадам е жетварска салата. Таа се состои од толчен лук, оцет и водичка. Толку имаме пари. Министерската за толку ни даде пари, 5,3% и лековите да ги купам и толку е. Освен домашните расходи, струја, вода, комуналии, ништо друго не останува. Трпиме, вели баба Драгана.

 

07.11.2023 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега