НАТО го продолжи мандатот на Столтенберг до први октомври 2024 година

 

Сојузниците на НАТО денеска се договорија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до први октомври 2024 година, соопштија од алијансата.

„Одлуката ќе ја потврдат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус. Сојузниците му се заблагодарија на генералниот секретар за неговото лидерство и посветеност, кои беа клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици“, се вели во соопштението.

„Почестен сум од одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар. Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбедува нашата слобода и безбедност речиси седумдесет и пет години, а во се поопасниот свет, нашата голема алијанса е поважна од кога било“, рече Столтенберг.

04.07.2023 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега