Насилникот кој ја нападна екипата на ТВ 24 призна вина, пресуда во петок
Милчо Пенов кој физичи и вербално ја нападна екипата на ТВ 24 денеска пред судот призна вина за стореното дело, пренесува ТВ24.
Пенов физички го нападна снимателот Љубиша Игнатов, а упати и вербални напади кон новинарот Александар Тодески, додека тие снимаа инсерти пред куќата во која беше пријавено живеалиштето контроверзниот украински олигарх Олександар Онишченко. Пенов упати и јавно извинување до снимателот за физичкиот напад врз него.
- Се чувствувам виновен и се каам за стореното дело. Скоро четири дена бев под опсада и малтертирање од повеќе телевизиски екипи. Јас сум болен човек и примам терапија. Јас упатував пцовки, но и снимателот исто така. Со новинарот немав никаков проблем. Искрено се извинувам за стореното дело, изјави Пенов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа