Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, информира дека е направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјата.
„Благодарение на хуманоста на едно семејство, кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси, не еден, туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим, кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сè уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата!“, вели министерот Меџити.
Министерот додаде дека се гордее со медицинскиот кадар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа