Наместо да спрема свадба - Розга се бори со тешка болест

 

Хрватската пејачка Јелена Розга е конечно среќна во љубовта, но наместо да спрема свадба, се бори со здравствени проблеми.

Розга која е во врска со Иван Хуљиќ, познатиот музичар и композитор и син на Тончи Хулиќ, изјави дека е пресреќна во љубовта и дека секој ден се радува на сините очи на својот сакан, но има проблеми со здравјето.

Имено, резултатите од нејзината тироидна жлезда не се добри, па вели дека мора малку да се позанимава со здравјето. Со овој проблем таа се мачи со години.

- Се одморив по настапите, добро сум, полна сум со енергија и уживам. Ја сакам толку многу својата работа, сакам да сум на сцена. Во моментов сум посветена на своето здравје, ситуацијата уште не е најдобра, но работиме на тоа да биде се во ред, изјави Розга за хрватските медиуми.

Вели дека се труди повеќе да спие, да живее здраво и да се одмара, но како и кај секој човек, додава дека стресот си го прави своето.

 

 

17.02.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега