Најмногу поскапел лебот - најмалку ракијата

 

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житата и туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба со еден месец претходно. Од друга страна, најголемо намалување е забележано кај свежото и разладеното овошје и кај воздухопловниот патнички транспорт.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември, во однос на претходниот месец, изнесува 100,7, а индексот на цените на мало изнесува 100,3.


Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 3,8 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,9%, сирењето и урдата за 2,3%, месото за 2,1%, маслото и маснотиите за 1,9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,8 %, виното за 1,3 %, рибата и морските плодови, пивото за 1,2%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.7% и жестоките пијалаци за 0,3 %.

Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 5,8 %, туристичките аранжмани за 3,9%, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3,2%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 2,3 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето за 2.1 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2 %, парамедицинските услуги за 1,9 %, течните горива за домаќинствата, патниот патнички транспорт, фризерските салони и центрите за разубавување за 1,7%, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1,6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници за 1.3 %, мотоциклите, градините, растенијата и цвеќињата за 1,2 %, медицинските услуги, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1,0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите лични предмети за 0,8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0,7 %, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, другите медицински производи, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другото образование, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 %, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, големите алатки и опрема, малите алатки и останатите додатоци, терапевтските помагала и опремата, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,4 %, текстилот за домаќинството, стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи за 0,3 %, облеката, актуелните ренти исплатени од станари, услугите за сместување за 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,8% и млекото за 0,3%.

 

 

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 17,5%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3%, медиумите за снимање за 1,2%, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1%, обувките за 0,7 %, големите електрични апарати за домаќинството за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава, во споредба со еден месец претходно, е зголемен 0,5 проценти.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна – 0,7 проценти, безалкохолни пијалаци – 0,2 отсто и ноќевања – 0,2 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен 1,2 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен 0,5 отсто, а во однос на декември 2020 година е зголемен 0,3 проценти.

07.12.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега