Најмладите само 16 години, највозрасниот 48: Обвинителство ги објави годините на загинатите
Основното јавно обвинителство денеска испрати листа со возраста и бројот на загинати лица од дискотеката во Кочани.
Истиот е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина.
„Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, велат од таму.
Најмладите загинати имале само 16 години, додека највозрасниот е 48 години.
20.03.2025 - 12:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа