Најголемиот македонски голмански талент пред трансфер во Порто (ФОТО)

Еден од најголемите македонски голмански таленти Васко Василев, дете на Вардар кој во 2019 година замина во белградска Црвена Звезда е на чекор да замине во Академијата на двојниот европски првак Порто, еден од најголемите клубови во Португалија.

Василев безмалку три недели веќе е во Порто каде тренира, откако ги собрал симпатиите со настапите за младите селекции на Македонија, па португалците не чекале премногу за да го викнат во својата академија и многу извесно е дека ќе стане член на овој славен португалски клуб.

Ако Василев потпише за Порто, ќе биде втор Македонец во овој славен клуб, прв во фудбал, зашто Никола Митревски, ракометниот репрезентативен голман веќе три години е дел од ракометната секција на португалскиот великан, а годинава потпиша нов договор.

 

17.08.2022 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа