Нафтените деривати поскапуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52% во однос на одлуката од 1.4.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 3,802%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,795% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,242%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382%.
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 78,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 77,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 45,173 (денари/килограм)
Од 9.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат
за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,286 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.4.2024 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа