Над 900 вработени во УЈП за јули ќе добијат 30% поголема плата, Лукаревска очекува и повеќе работа
Платата што ќе ја добијат нешто повеќе од 900 вработени во УЈП за месец јули ќе биде повисока за 30%. Зголемувањето на платите Синдикатот „Солидарност“, Управта за јавни приходи и помирувачот денес го претставија како резултат на заеднички напори кои резултираа со потпишување нов колкетивен договор преку помирување.
„Одредбите од договорот овозможуваат зголемување на платите на вработените во УЈП почнувајќи од месец јули, кои треба да се исплатат во наредните денови и ќе бидат 30 % поголеми. Концептот бруто плата подразбира придонеси, нето, целосно. Во УЈП има три категории вработени од кои одреден број колеги веќе го имаат остварено ова право, сгласно член 66 од Законот за буџети, сега ова право ќе го остварат преостанатиот дел вработени. Претходните се околу 150-160, преостанатите 900 и нешто вработени, тие сега ќе добијат покачување“, рече Васе Неданоски, претседател на Синдикатот „Солидарност“.
Директорката на Управата Сања Лукаревска, денес изразувајќи благодарност со Синдикатот и помирувачот за успешното помирување, рече дека покачувањето на платите на вработените значи мотив повеќе за нив, но истовремено носи и обврски.
„Овој чин не значи за нас само поголеми права туку и поголеми обврски за даночните службеници, особено сега со новата рефромска програма која бара сериозна посветеност и поголеми вложувања од сите за да се реализира. На зголемувањето на платите гледам како еден мотив плус да покажеме поголема ефикаснот како даночни службеници. Наште подобри резултати ќе покажат подобри резултати во општественото функционирање и драго ми е што сме пример како треба да функционира Синдикатот со работодавачот во една професионална институција“, рече директорката Лукаревска.
Синдикалниот лидер нагласи дека за сериозно намалување на даночното затајување, освен мотивирање на вработените во УЈП со поголеми плати, потребен е и нов кадар оти изминативе години значително поголем бројот на вработени кои се пензионираат отколку оној на нововработени па Управата има недостиг од кадар.
Помирувачот Илија Манасиев рече дека е посебно горд што спорот завршува со потпишување нов колективен догвор со кој се испишува историја за вработените во УЈП. Помирувањето вели дека е пример не само во земјата туку и надвор од неа.
„Од аспект на големината на спорот ова е еден од најголемите предмети во работните односи решени по пат на помирување. За овој спор се појави интерес и надвор од границите на Македонија. Многубројни институции кои се релевантни во областа на трудот, меќународни како и околните агенции за помирување, сите будно го следеа спорот и претпоставувам дека ова ќе биде еден добар пример за пракса и во другите држави каде што ќе има спорови од овој вид“, рече помирувачот Манасиев.
Олеснителна околност за зголемувањет на платите на вработените без поголеми финансиски имликации, според директорката Лукаревска е тоа тоа што Управата има сопствени средства кои ги добива по различни основи како даночен орган.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа