Над 34 илјади македонски и над 12 илјади странски државјани влегле во земјава минатиот викенд на ГП Табановце

Изминатиот викенд во државава преку Граничниот премин Табановце влегле над 34 илјади македонски и над 12 илјади странски државјани.

Според податоците на МВР, викендот пред католички Божиќ кога се враќаат нашинците во државава преку најфреквентниот граничен премин во периодот од 22 до 25 декември (до 15:00 часот), на ГП „Табановце“, во земјава влегле 34.107 македонски државјани, а излегле 7.909 македонски патници.

Во истиот период, соопшти МВР, влез оствариле 12.830 странски државјани, додека од државава излегле 9.336 странски државјани.

Вчера до 15 часот, пак влез и излез оствариле вкупно 8.288 патници.

26.12.2023 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега