На ова место утрово има вистинска снежна идила - натрупа снег дури 26 сантиметри
До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово -2 степени се измерени во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор, 4 во Крива Паланка, 5 во Тетово, Берово, Битола, Прилеп и Виница, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец и Куманово, 8 во Штип, Струмица и Гевгелија, 9 во Дојран и 10 степени во Демир Капија.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Берово – 34 литри на метар квадратен, потоа во Дојран 26 литри на метар квадратен, во Гевгелија 22 литри на метар квадратен, во Виница 14 литри на метар квадратен, во Крива Паланка и Охрид 12 литри на метар квадратен, во Маврови Анови 11 литри на метар квадратен, во Тетово и Лазарополе 10 литри на метар квадратен, во Битола 9 литри на метар квадратен, во Прилеп и Крушево 8 литри на метар квадратен, во Претор и Куманово 6 литри на метар квадратен, а во Скопје Петровец, Штип и Демир Капија 3 литри на метар квадратен.
Од УХМР за денеска најавуваат променливо облачно време со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа