На есен почнува процесот за воведување 5G, експертите велат технологијата е безбедна

 

Агенцијата за електронски комуникации наесен ќе го објави првиот оглас за користење на фрекфенции за 5G технологија. Таа е комплетно безбедна и не претставува никаква опасност за здравјето на луѓето, уверува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На мини трибината „Дигитални предизвици за општествена трансформација", за безбедноста на новата технологија дискутираше и професорката од ФИНКИ Соња Филиповска, која напомена дека стравот кај луѓето доаѓа од непознавањето на оваа технологија и како таа функционира.

Според Филиповска, 5G технологијата е сосема безбедна за користење и е неопходна за побрз дигитален развој на едно општество.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега