На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци

 

На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на граничната полиција, осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми.

Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската унија.

Тие се сомничат за „злоупотреба на должноста“ и „пасивна корупција“ а за “услугата” наплаќале по 500 и повисока евра.

Сопственикот на агенцијата која соработувала е уапсен пред неколку дена, откако бил фатен со наркотици. Оваа незаконска активност, според Обвинителството, траела една година – од март 2023 до март оваа година

04.06.2024 - 20:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега