На 13,4 обработени податоци Силјановска води со над 60 000 гласови


Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова сеуште е со убедливо водство на обработени 13,44% од гласовите.

Како што објави ВМРО-ДПМНЕ, таа досега има 109 692 гласови. Втор на листата е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој на обработени 13,44% од гласовите има 48 553 гласа. 

Бујар Османи е трет, со 28 547 гласа, а по него е Арбен Таравари со 18 432 гласа.

Максим Димитриевски досега освоил 19 227 гласа, Билјана Ванковска11 033, а Стевчо Јакимовски 2482 гласа.

24.04.2024 - 20:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега