МЗ: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

 
 
 
 
Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.
 
Рано утрово на Хируршките клиники  започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.
 
- Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.
Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.
 
Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. 
 
- Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.
 

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

04.01.2023 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега