МВР: Вчера во Скопје пишувавме по една казна за брзо возење на секои 10 минути

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции. Поделено на 24 часа, пресметката покажува дека МВР секој час во просек пишувало по 6 казни, или по една на 10 минути. 

Како што соопшти МВР, изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол и две санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои со соопштението.

19.02.2024 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега