МВР со детали: Позната возраста на ликвидираните во Старата скопска чаршија

 

Двајцата ликвидирани во вчерашната престрелка во угостителски објект во Старата скопска чаршија се на возраст од 28 и 37 години.

Министерството за внатрешни работи изутрината потврди дека запаленото возило „ауди а6“ во Горно Оризари било користено од вооружената група.

-Вчера во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари. По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството, соопшти МВР.

Како што неофицијално е познато, вооружената маскирана група во објектот влегла и кажала дека станува збор за полициска акција. Еден од двете жртви е познат член на криминална група од скопското село Грчец, а беше дел и од групата во која беше пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

07.03.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега