МВР и ОЈО ќе одржат заедничка прес-конференција за убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство ќе одржат заедничка прес-конференција за настаните кои ја потресоа целата македонска јавност.

Двете институции во 09:30 ќе ги соопштат деталите за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени во околината на Скопје и на Велес.

-Во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес конференција. Ги покануваме заинтересираните медиуми да присуствуваат на прес конференцијата. Воедно, известуваме дека работните средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, кои беа закажани за утре, се откажуваат, се вели во најавата од МВР.

 

04.12.2023 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега