МВР го продолжи рокот: Личните карти дома ќе можат да се користат и по 13 февруари

 

Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека за домашна употреба, личните карти со називот „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 13 февруари.

„Цениме дека за домашна употреба и во рамки на границите на Република Северна Македонија, личната карта со називот на државата „Република Македонија“, а која има важност треба да продолжи да важи и по 13.02.2024 година“, објаснуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека неспорен факт е дека измените на Законот за лична карта со кој се врши усогласување со Уставните измени од аспект на новото уставно име на државата, како и со Законот за употреба на јазиците се уште не е донесени, односно истите се во собраниска постапка.

15.01.2024 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега