Мотоциклист од Кратово изгубил контрола и паднал на патот, со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на 06.08.2024 во 16.20 часот на регионалниот пат Пробиштип-Кратово, Т.М.(25) од село Кетеново, кратовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телсни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
08.08.2024 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа