Мостот Беласица ќе се испитува цело лето, пропадна најавата на Арсовска за брзо враќање во функција

 

„Беласица“ ќе се испитува цело лето, открија надлежните власти, па со ова автоматски пропаѓа и најавата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за брзото враќање на мостот во функција.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени, Грозде Алековски, во изјава за Сител ТВ открил дека летово нема надеж мостот Беласица во Скопје да биде пуштен во сообраќај.

„До крајот на летото е оптимистичко време до кога би можеле сите тие операции за истражување да се завршат. За пуштање не верувам. Истрагите ќе покажат колкав е дефектот и оштетувањето. Да се предложи, да се направи проект за зајакнување, а тоа исто така е процес кој ќе трае неколку месеци“, изјавил Алексовски за Сител.

Откако Арсовска во гостување на Сител рече дека мостот ќе биде пуштен неделава, од Град Скопје денеска не сакаа да ги коментираат изјавите на експертите. Велат ќе го чекале извештајот.

Се уште не се знае ниту кој го запали мостот. Обвинителството отвори предмет, но сторителите засега не се фатени.

20.06.2023 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега