МОН: Статусот на просветните работници континуирано се унапредува

 

По растот на платите на наставниците во септември минатата година, со почетокот на оваа година следува ново зголемување. Континуираниот раст на личните примања покажува дека работиме во најдобар интерес на наставниците, а еден од главните приорите за нас е унапредувањето на нивната положба во општеството, соопшти Министерство за образование и наука.

МОН посочува дека во целост ги почитува и исполнува одредбите од колективните договори во основното и средното образование кои се склучени со СОНК кој, како што наведува, е важен партнер во унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата.

-Просветните работници се најважната алка во воспитно–образовниот процес, а нивната мотивираност за работа се одразува на квалитетот на наставата. Затоа, продолжуваме да работиме на зголемување на нивните права и подобрување на условите за работа, информира Министерството за образование и наука. 

10.02.2023 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега