МОН бара мислење од родителите, наставниците и учениците дали да се укине пролетниот распуст

МОН ќе ги консултира јавноста и наставниците за организирање пролетен распуст во учебната 2024 – 2025 година.

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните и на средните училишта во учебната 2024 – 2025 година и за успешно заокружување на процесот од голема важност, како што велат, е мислењето на пошироката јавност за тоа дали е потребно организирање пролетен распуст.

„Со оглед на разните ставови во јавноста во однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а тој е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочува во информацијата.

Информираат дека со организација на пролетен распуст наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку, пак, се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

10.07.2024 - 18:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега