Момче од Прилеп загина вечерва кај Плетвар - се вози по една лента
Момче загинало во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Градско, објави порталот „Маркукуле“.
Според порталот, животот го загубил 29-годишник од Прилеп во несреќа во која учествувале автомобил со прилепски регистарски ознаки и цистерна.
Кај местото на несреќата сообраќајот се одвива по една лента.
Претходно, АМСМ соопшти дека сообраќајот од околу 18 часот е целосно во прекин поради тешка сообраќајна несреќа. Од 21 часот, сообраќајот на делницата Прилеп-Градско се одвива наизменично во една коловозна лента.
21.03.2024 - 22:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа