МНР: Попов за кирија плаќа 3.700 долари, а не 6.000 долари
Од Министерството за надворешни работи во демант испратен до медиумите, потенцираат дека амбасадорот од Македонија во САД, Зоран Попов, живеел во изнајмен стан за кој плаќа 3.700 долари кирија, а не 6.000 долари за Вила, како што претходно денеска наведоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите.
„Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД.Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.
Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал“, стои во демантот на МНР испратен до медиумите по писмен пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа